Пракса

Компанијата F5 Tech од Скопје објавува конкурс за реализација на практична настава и работа за студентите во завршна фаза од студиите на ФИНКИ и ФЕИТ.


Тимот за развој на софтвер има потреба од еден студент кој е запознат со технологиите за развој на Microsoft, односно има основно познавање на програмскиот јазик C# и познавање на концептите за развој на веб апликации според ASP.NET MVC Pattern Design.

 

Конкретната позиција е поврзана со одржување и развој на нови функционалности на модерна веб апликација имплементирана во ASP.NET Core 2.0 (MVC). Проектот претставува реално решение имплементирано и кое функционира на продукциски сервер и база. Со оглед на тоа позицијата нуди вистински предизвик за работа на проект кој е индустриски „жив“ во работна средина со поголем број на програмери кои работат на развој на веб и мобилни апликации.

 

Праксата е платена и со можност за понатамошно потенцијално професионално вработување во зависност од покажаниот интерес и постигнат резултат.

 

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат e - mail порака со назнака “Пракса” и CV на англиски јазик на contact@f5tech.mk.

CONTACT US

Go ahead and reach out to us in whatever means suit you best, we are always available and happy to hear from you.

Contacts

Email: contact@f5tech.mk
Phone: (+389) 70 711 233
Adress: Bulevar Partizanski Odredi 14,
Skopje 1000

About Us

Mission & Vision

Find us

Facebook
Linkedin